Економија, финансии, бизнис

Контакт

Покренато обвинение против 30 лица за настаните од 27 април

Покренато обвинение против 30 лица за настаните од 27 април

Јавното обвинителство на РМ денеска до основниот суд Скопје 1 поднесе обвинителен акт против 30 лица во врска со настаните од 27 април 2017 година

Обвинителството за гонење  организиран криминал и корупција ја заврши истрагата за упадот во Собранието што се случи на 27 април минатата година. Од вкупно 35 осомничени обвинението е поднесено против 30 лица, за четири лица е прекината постапката бидејќи не се достапни за органите на прогонот, а за едно лице постапката е запрена бидејќи обвинителството не нашло докази дека лицето сторило кривично дело.

Дваесет и осум лица се товарат за терористичко загрозување на Уставниот поредок и безбедноста, а две лица се товарат за помагање за истото кривично дело.

За упадот во Собранието осомничени се поранешниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков, пратеници и организатори на протестите од иницијативата „За заедничка Македонија“.


Извор: 24Вести

Слично

Поврзани вести