Економија, финансии, бизнис

Контакт

Покрената петиција за спас на Универзална: Бројот на потписници расте во минута

Покрената петиција за спас на Универзална: Бројот на потписници расте во минута

Петиција на која скопјани но и граѓаните од руги градви почнаа да с епотпишуваат е поставена на платформата change.org. Со секој потпис се дава поддршка за спас на Универзаланата сала од рушење. Бројот на потпишани расте брзо, а во моментот на пишување на овој текст имаше 200 потписници. Петицијата ја покрена бизнисменот Антони Пешев.

„Убаво е ако градот сака да изгради нова поголема и поубава универзална сала на поубаво место(!!!), ама да се уништи култниот скопски репер стар скоро 60 години, а да се изгради парк со микро димензии и отворена сала со дискутабилна употребна вредност е луксуз без никаква логика, стои во текстот за петицијата.

Се додава дека мора да се најдат средства да и се врати функционалноста на Универзална сала макар и со драматично намалени капацитети. 

Ако ништо друго заради оние малку скопјани на кои таа градба ни значи, заради симболот на солидарноста, за да се спречи перманентната интенција да се руши се што во градот значи каков таков историски континуитет и за да прекине тенденција Скопје да се обезличува од центри на кои Скопје им е место од кое си заминуваат дома секој слободен викенд и празник, пишува во текстот од петицијата.

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов држи брифинг. Вели дека ништо не е одлучено.

Јавноста е гневна.


Слично

Поврзани вести