Економија, финансии, бизнис

Контакт

Покрај Скопје, земјотрес и во Охрид

Покрај Скопје, земјотрес и во Охрид

Тлото на земјава ова утро беше затресено во Скопје, а покрај метрополата земјотрес почувствуваа и Охриѓани.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно- математичкиот факултет соопшти дека земјотресот во Охрид е со Рихтерова магнитуда од 2,1 и е почуствуван во 02:26 часот. Земјотресот е со епицентар на 10 километри источно од Охрид.

Според Сеизмолошката опсерваторија, земјотресот во Скопје е регистриран во 08:03 часот со епицентар на само неколку километри источно од централното градско подрачје. Земјотресот е со Рихтерова магнитуда од 2,4 и е почувствуван од населението во Скопје и околина.

Слично

Поврзани вести