„Покрај сите мерцедеси, запалени се најевтините автомобили“: Најчевска со остра критика 'местенка од луѓе кои работат за бугарската кауза'
Прво, ова е очигледно снимено од самата амбасада но не е снимено од камера на обезбедувањето.
Второ, бугарските медиуми го добиваат први.
Трето, покрај сите мерцедеси кои ги имаат запалени се најевтините автомобили
Четврто, човекот го прави ова дење, без никакво затскривање.
Заклучок: станува збор за местенка од страна на луѓе кои работат за бугарската кауза или уште поверојатно човекот е платен од Бугарија.
Ова го објави професорката и општествен критичар Мирјана Најчевска на социјалните мрежи по вчерашниот скандал во кој беа запалени возила на претставници на бугарската амбасада во центарот на Скопје.
Палењето на автомобилите предизвика бурни реакции од страна на бураските претставници. Реагираше претседателката на Бугарија, Илијана Јотова, но и бугарска фондација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ:
Јотовa: Палењето на дипломатските возила во Скопје е напад над Бугарија
Бугарското МНР го повика на разговор шефот на амбасадата на Македонија за палењето на возилата
