Покрај резолуцијата за црвените линии, се поднесува и декларација за Гоце Делчев во Собранието
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска по повод 150 години од раѓањето на Гоце Делчев во македонското собрание ќе поднесе Декларација која што ќе ги исцрта позициите по прашањето за македонскиот револуционер.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вчера рече дека откако оваа Декларација ќе биде ставена на дневен ред, власта ќе нема изговор да не ја поддржи бидејќи јасно ќе биде заштитен ликот и делото на македонскиот револуционер и оти по ова прашање нема отстапки.
Минатата година летотот македонското Собрание ја усвои Резолуцијата за утврдување на државните позиции, односно на црвените линии во преговорите со Бугарија, поднесена од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.Со Резолуцијата се утврдува во кои рамки смее да се разговара, а што е рушење на националните и државните интереси
Слично
