Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поканата за НАТО денес ќе му биде врачена на премиерот Заев

Поканата за НАТО денес ќе му биде врачена на премиерот Заев

Официјалната покана со која Македонија треба да почне преговори за членство денеска генералниот секретар Јенс Столтенберг ќе му ја врачи на премиерот Зоран Заев на свечена церемонија во седиштето на најголемиот воено-политички сојуз во светот.

Лидерите на 29-те земји членки на НАТО вчера на првиот ден на Самитот во Брисел одлучија да ја поканат Македонија со што се отвора патот Македонија да стане 30. членка на НАТО.

Од поканата до конечното членство следуваат процеси, како во однос на исполнување на обврските што Скопје и Атина ги презедоа во Договорот за решавање на спорот за името, така и во однос на процедурите кои престојат за секоја земја-аспирантка.

Слично

Поврзани вести