Економија, финансии, бизнис

Контакт

Покачуваат дневници, работници нема

Покачуваат дневници, работници нема

Градежната комора на Србија информира дека им фалат работници во градежниот сектор. 

Градежната сезона трае, а недостигаат тесари, ѕидари, столари, керамичари. 

Но, од друга страна околу 95.000 занаетчии се водат како невработени. 

Меѓу нив има тапетари, шивачи, месари, пекари, тесари и друго. 

Работодавците во Србија оваа година барале околу 9.000 занаетчии за вработување. 

Статистички работници има, но газдите велат мајстори е тешко да се најдат. 

Просечната возраст на градежниците е 55 години и бидејќи е тешко нови работници да се најдат, скокаат и дневниците. 

Поради недостигот на работници, одредени мајстори може да заработат и дневница до 100 евра, додека обичниот работник добива по 35 или 40 евра. 

Исто така се поставува прашање дали оние скоро 100.000 занаетчии кои се водат како невработени, всушност работат на „црно“. 

Слично

Поврзани вести