Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поинаков пречек за Коѕијас - Протест за името пред Влада

Поинаков пречек за Коѕијас - Протест за името пред Влада

Според најавите од МНР, шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас  денес пристигнува во Македонија. По повод неговото доаѓање неколку патриотски здруженија организираат протест. 

Според најавите протестот ќе почне пред Порта Македонија во 11.00 часот, по што демонстрантите ќе се придвижат кон Министерството за надворешни работи, а од таму ќе се упатат кон Владата на Република Македонија.

„Стоп на преговорите за името!  Да го пречекаме како што доликува! „ Да го пречекаме по македонски! Македонија на Македонците!  Да му покажеме до каде и и чија е Македонија!“ , стои во најавата за протестот.

Како организатори се јавуваат Народен фронт за Македонија (Македониум, Христијанско Братство, Филип Петровски, Тврдокорни).



Слично

Поврзани вести