Погребан Амди Бајрам во присуство на 300 лица
Фото: Слободен печат
Амди Бајрам, најдолгогодишниот пратеник во македонското Собрание, денеска беше испратен во своето вечно почивалиште пред 300-тини лица на муслиманските гробишта во Бутел.
Погребот на поранешниот претседател на Сојузот на Ромите се одржа и покрај сите апели да се избегнат големи собири поради тоа што покојниот пратеник беше тестиран позитивен на коронавирус.
Носењето маски беше испочитувано од страна на присутните, но сепак пропишаната дистанца затаи.
На погребот можеа да се забележат автомобили со регистарски таблички од цела Македонија.
По положувањето на телото на покојникот сите присутни се оддалечија од гробиштата според муслиманските обичаи.
Слично
