Поголема излезност во речиси сите поголеми општини
Поголема излезност до 17 часот во вториот круг од претседателските избори во однос на првиот од пред две недели денеска се забележува во речиси сите поголеми општини, според податоците кои ги објави Државната изборна комисија.
Во Центар таа е 47,28 отсто споредбено со 43,39 кои беа евидентирани во првиот круг, во Битола е 45,5 наспроти 39,45, а од останатите тука се Прилеп (53,16 - 50,3), Струмица (44,46 - 37,14), Штип (49,64 - 42,4), Куманово (36,84 - 33,2) итн..,
Во Тетово изнесува 23,14 отсто, што е помалку од оние 24,34 од првиот круг што е и разбирливо ако се знае дека општината е со мнозинско албанско население, а во овој круг не учествува Блерим Река, кој отпадна од понатамошната трка пред две недели.
Рекордна излезеност бележи Крива Паланка со 61,28 отсто споредбено со 55,03 проценти во првиот круг.
Цензсот од 40 % беше речиси достигнат во 15 часот, според резултатите од последното јавување на ДИК.
