Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поголема група истепала неколку лица во Скопје

Поголема група истепала неколку лица во Скопје

Во ПС Центар Р.О.(18) доцна синоќа пријавил дека околу 21 часот на булеварот.„Кузман Јосифовски-Питу“, додека се шетал со неговите другари и соседи Ф.К.(21) и еден седумнаесетгодишник и еден петнаесетгодишник, сите од Скопје,  ги сретнале и тепале повеќе непознати лица. 

Тие биле пресретнати од околу десетина непознати маскирани лица, кои без повод и причина физички  ги нападнале Р.О. и седумнаесетгодишникот. Ги удирале со раце и нозе во пределот на главата и телото, при што на Р.О. од џебот на тренерката му одзеле 1 000 денари. Ф.К. и петнаесетгодишникот успеале да побегнат. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Слично

Поврзани вести