Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поголем дел од северниот дел на Скопје во недела без струја: Еве во кои општини

Поголем дел од северниот дел на Скопје во недела без струја: Еве во кои општини

Поради реализација на проектот за реконструкција и модернизирање на 110 кВ трафостаница “Васил Главинов” од страна на екипите на Електродистрибуција, во недела (18 јули) во периодот од 04 до 06 часот наутро, без снабдување со електрична енергија ќе останат делови од неколку скопски општини, информираа од ЕВН

Во Скопје во Бутел струја ќе нема во општините Бутел, Бутел 1, Бутел 2, Расадник, во населбата Визбегово, индустриска зона Визбегово и населбата Кучевишка Бара.

Во Шуто Оризари електричната енергија ќе нема во затворот Шутка, а без напојување остануваат и населбата Скопје - Север, населбатаТопаана, населбата Топанско Поле и  најголем дел од општина Чаир.

Во Карпош струја ќе нема во Момин Поток.


Слично

Поврзани вести