Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поголем дел од Лажани е под вода, невреме ги зафати и Прилеп и Кривогаштани

Поголем дел од Лажани е под вода, невреме ги зафати и Прилеп и Кривогаштани

Во Прилеп, Долнени и Кривогаштани попладнево имаше невреме. 

Поплавени се Лажани, Дебреште и Житоше. Нај критично се во селото Лажани каде поголем дел од селото е под вода. Водата има во куќите, информираат од Центарот за управување со кризи.

„За состојбата со поплавите запознаен е и Градоначалникот на општина Долнени, ДЗС Прилеп и ПС Ропотово. До овој момент ЕЛС немаат побарано помош“, велат од ЦУК.

Во моментот ангажирани се 2 багери, од ТППЕ Прилеп испратена е екипа со 3 пожарникари со 1 теренско возило.

Претходно, во Виница беа поплавени над 30 објекти. 

Слично

Поврзани вести