Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ПОГОЛЕМ ДЕЛ ОД ГОДИНАТА ПОД МРАЗ, А ЗАМИСЛЕТЕ, НИКОЈ НЕ ЗАГИНАЛ ЦЕЛА ГОДИНА“: Глигорова за состојбите во сообраќајот во Финска

„ПОГОЛЕМ ДЕЛ ОД ГОДИНАТА ПОД МРАЗ, А ЗАМИСЛЕТЕ, НИКОЈ НЕ ЗАГИНАЛ ЦЕЛА ГОДИНА“: Глигорова за состојбите во сообраќајот во Финска

Сообраќајната култура или некултура и воведувањето на „Безбеден град“ веќе подолг период ја бранува македонската јавност. Иако сите се согласни дека нешто мора да се преземе, и дека имаме преголем број жртви во сообраќајот а сме мала земја, сепак, од почетокот на тест периодот на новиот проект кој треба да снима со колку се вози по улиците, многу луѓе се побунија против него. 

Надлежните укажуваат дека со старот на примената на снимањето низ главниот град, бројот на сообраќајки е значително намален, но останува да се изгласа законот за да може да профункционираат казните. 

Темата постојано бранува во јавнсота, и ја поттикна општествената критичарка Ана Глигорова да укаже дека за разлика од нас, земји со многу полоши временски услови за возење автомобили, имаат многу помалку жртви во сообраќајки. 

- Финска е посебна земја, поголемиот дел од годината под студ и мраз,а замислете, никој не загинал во сообраќај веќе една година.

Хелсинки е грсд од 1,3 милиони луѓе.

Намалувањето на ограничувањето на брзината и повеќе од 70 нови камери успеаја да го намалат бројот на жртви на нула!

Хелсинки има и околу 1.500 километри велосипедски патеки.

Интересен факт е дека во Финска, казните за пребрзо возење се пресметуваат врз основа на приходот на лицето. Како резултат на тоа, некои фински милионери се соочуваат со казни од над 100.000 евра.

Оваа земја, позната како земја на 1.000 езера, всушност има неверојатни 187.888 регистрирани езера со површина од повеќе од 500 м² на својата територија.

Финска има и 10 дрвја за секој жител на планетата - нагласува Глигорова. 




Слично

Поврзани вести