Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОГОДЕНА ПРОГНОЗА - силен дожд во Скопје

ПОГОДЕНА ПРОГНОЗА - силен дожд во Скопје

Силен дожд почна да врне во главниот град на земјава.

Меторолозите ја погодија прогнозата, па како што и беше најавено, силни врнежи од дожд стартуваа денеска во главниот град.

Но, и покрај најавените поројни врнежи во наредните денови, нема опасност од излевање на поголемите реки во земјата, но можно е слевање вода во градските урбани средини, предупредува УХМР.

„Почнувајќи од денешните попладневни часови па во наредните неколку дена, како резултат на циклонска активност, ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи, град и ветер. На поедини места од државата се најавуваат локални поројни врнежи од дожд (на поедини места над 30 литри на метар квадратен, при што нема опасност од излевање на поголемите реки во земјата“, наведува УХМР.

Според нив, можна е појава на слевање вода во градските урбани средини поради неможноста за нејзино одведување. Исто така, при краткотрајни интензивни врнежи можно е локално брзо зголемување на водостојот на помалите реки и суводолиците и нивно локално излевање. При такви околности, предупредуваат на внимателно движење покрај помалите реки и суводолиците низ земјава.

Слично

Поврзани вести