Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОГОДЕНА МАКЕДОНСКАТА АМБАСАДА ВО КИЕВ: Нема повредени, велат од МНР

ПОГОДЕНА МАКЕДОНСКАТА АМБАСАДА ВО КИЕВ: Нема повредени, велат од МНР

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија најостро ги осудува денешните ракетни напади на руската армија врз Киев.

Воедно, Министерството денеска информира дека при нападот е погодена и критичната инфраструктура во Голосеевскиот реон, вклучително и зградата каде што се сместени шест амбасади, меѓу кои и Амбасадата на Македонија во Киев.

- При нападот нема повредени меѓу дипломатскиот персонал, но е причинета материјална штета на Амбасадата. Од страна на надлежните служби извршен е првичен преглед на штетите на лице место и веќе се работи на нивно санирање, се наведува во соопштението од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.


Слично

Поврзани вести