Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поглаварот на ИВЗ, Фетаху заразен со корона вирусот

Поглаварот на ИВЗ, Фетаху заразен со корона вирусот

Поглаварот на Исламската верска заедница, Шаќир Фетаху, кој на оваа функција дојде во јуни, денеска објави преку својот профил на Фејсбук дека е позитивен на Ковид-19.

-Имајќи ја одговорноста кон моето семејство, моите соработници, како и кон сите граѓани и верници, одлучив да направам тест за Ковид-19, кој што излезе позитивен.

Моментално, се е нормално без никаков проблематичен симптом. Ги почитувам медицинските препораки и сум во домашна самоизолација, пишува во својата објава на Фејсбук, поглаварот на ИВЗ, Фетаху


Слично

Поврзани вести