ПОФАЛБИ ЗА ОПОЗИЦИЈАТА, Ременски задоволна
Потпретсeдaтелката на СДСМ и пратеничка, Фросина Ременски, е задоволна од опозицијата и поддршката за изгласувањето на законите за кои било потребно двотретинско мнозинство.
Околу најавите за проширување на парламентарното мнозинство, пратеничката Ременски вели дека е убедена во негово зголемување до крајот на април. Таа додаде дека прашањето за проширувањето на мнозинството СДСМ не го гледа само од аспект на парламентарно мнозинство, туку и како добивање поддршка за донесување закони.
Пакетот закони од судството, поради техничкото усогласување, Ременски вели дека ќе се донесат наредната недела.
Слично
