Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОДЗЕМНА СООБРЌАЈНИЦА И ЧЕТИРИ 20 КАТНИЦИ - еве на што е ангажирана турската „Лимак“ на која и открија 97 непријавени работници

ПОДЗЕМНА СООБРЌАЈНИЦА И ЧЕТИРИ 20 КАТНИЦИ - еве на што е ангажирана турската „Лимак“ на која и открија 97 непријавени работници

Вчера речиси главна вест беше информацијата што пристигна од МВР, а таа е дека полициски службеници спровеле контрола на градежни објекти на фирма од Република Турција помеѓу бул.„Кирил и Методиј“ и ул.„Јордан Мијалков“ поради сомнение дека повеќе странски државјани непријавени работат на објектите и незаконски престојуваат во Република Северна Македонија, по што на објектите биле затекнати дури 97 странски државјани кои немаат регулиран престој и кои работат непријавени.

“Тие биле приведени и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави. Исто така, соодветни пријави ќе бидат поднесени против фирмата и против 15 други фирми-подизведувачи“, се вели во соопштението од МВР.

Инаку, најголемо градилиште во тој реон од главниот град е она на турската компанија „Лимак“. 

Тоа во јавноста и го поттикна интересот за тоа која е турската компанија „Лимак“, и што всушност таа гради.

Таа кај старата железничка станица треба да изгради подземна сообраќајница и голем станбено деловен комплекс со четири 20-катници. 

Или, поконкретно, во рамки на мултифункционалниот проект Diamond of Skopje, турската компанија „Лимак“ гради подземна сообраќајница, која, пак, ќе има по две ленти во двете насоки, а меѓу нив и простор за две трамвајски линии. Подземниот тунел кој го гради компанијата е долг 800 метри, а широк е 37 метри.

На почетокот и на крајот од тунелот ќе се конструираат кружни текови за негово сообраќајно поврзување.

За нивна изградба одговорноста е на град Скопје.

Во рамки на проектот има и четири станбени згради, односно тоа се наведените 20 катници. Во нив ќе има вкупно 722 стана и 24 деловни простории.

Слично

Поврзани вести