ПОДОБРУВАЊЕ НА ЕПИДЕМИОЛОШКАТА СОСТОЈБА: Секојдневно се ослободуваат болнички кревети, драстично намален бројот на приеми во ковид-центрите
Во сите
ковид-центри низ земјава вкупно се лекуваат 806 пациенти позитивни и сомнителни
на корона вирусот, од кои 340 се во
Скопје, а 466 во болниците во другите градови. Министерството за здравство
информира дека има околу 864 празни болнички кревети.
По градови состојбата изгледа вака:
Во болницата во Битола се хоспитализирани 54 пациенти, во Штип 51, Тетово – 11, Велес – 59, во Куманово има 57 пациенти, Охрид – 55, Прилеп – 40, Гостивар има 15 во болница, Струга – 14.
Во болницата во Струмица хоспитализирани се 50 пациенти, во Кочани 20, Кичево – 10, Кавадарци – 24, а во Гевгелија се лекуваат шест пациенти.
Во Скопје пак, каде се хоспитализирани 340, само 22 нови пациенти се примени во изминатите 24 часа.
На Интерните и хируршки клиники имало седум приеми, во ГОБ „8 Септември“ 13 примени пациенти и двајца билe примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле и на Институтот за физикална медицина немало примени болни, a на Клиниката за детски болести имало еден прием. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 67 оздравени пациенти.
Во ковид-центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекува 112 пациент, во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 118 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 95 пациенти, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај деца-Козле има седум пациенти.
