Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОДНЕСЕНО ОБВИНЕНИЕ: Татко и синови се обвинети за намерно предизвикување пожар кај Патишка Река

ПОДНЕСЕНО ОБВИНЕНИЕ: Татко и синови се обвинети за намерно предизвикување пожар кај Патишка Река

Татко и двајца синови се обвинети за намерно предизвикување пожар кај Патишка Река. 

Откако спроведе претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје до Основниот кривичен суд – Скопје денеска поднесе Обвинителен предлог против три лица – татко и неговите два сина, кои се товарат дека заедно сториле кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик.

За сите тројца е доставен и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор.

Како што информираа од Обвинителство, „тројцата соизвршители, на 9 август предизвикале пожар на шумско земјиште во државна сопственост, во месноста викана Дупки, во атарот на селото Патишка Река, општина Сопиште. Со запалива течност – моторно масло и бензин полеале и запалиле нискостеблеста шума и суви треви, предизвикувајќи општа опасност за животот и телото на луѓето и за имот од големи размери“. Осомничените ги забележал и ги пријавил очевидец.

Пожари уште горат во Македонија. Направени се огромни штети, изгореа и куќи, а во пожарите летово загина и еден постар човек во кумановското село Кокошиње. 

Слично

Поврзани вести