Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поднесено обвинение против Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици

Поднесено обвинение против Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против пратеникот од Левица, Сашко Јанчев, за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.

Во септември во возилто на Јанчев во Марино удри малолетник од Идризово со неосветлен мопед, а по еден месец почина од повредите. Потешко повредена беше и малолетна сопатничка.

„Јавниот обвинител ги обезбеди сите докази и со соодветни вештачења ги утврди причините за сообраќајната несреќа која се случи на 14 септември по полноќ во селото Марино.

Осомничениот управувал автомобил “хјундаи тусон”, но не се придржувал на прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот и телото на луѓето. Тој непрописно свртел со возилото без да се увери дека тоа може да го направи без да ги загрози другите учесници во сообраќајот. 
Во тој момент во возилото удрил мотор “јијинг” без регистарски ознаки и без вградени светлосни уреди, со кој управувал 16-годишниот Матеј Димовски. Возачот на моторот не поседувал возачка дозвола, а тој и неговата сопатничка не носеле заштитни кациги. Како резултат на повредите здобиени при несреќата, 16-годишникот починал, додека неговата 13-годишна сопатничка била потешко повредена, известија од ЈО. 

Слично

Поврзани вести