Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поднесено обвинение против Жан Митрев и неговата клиника

Поднесено обвинение против Жан Митрев и неговата клиника

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против д-р Жан Митрев и неговата истоимено клиника. Според обвинителниот акт, се работи за кривично дело “Измама”, за што е предвидена казна затвор од 1 до 10 години. Ова беше соопштено на денешниот брифинг во Јавното обвинителство.

На синоќешното гостување во емисијата „Топ Тема“ на Телма тој рече дека е невин, никого не измамил и дека пациентите свесно по своја волја поднесувале депозити. За сите ненаправени услуги, како што рече, средствата биле враќани на нивна сметка.

Основното јавно обвинителство Скопје во август отвори истрага за измама на пациенти во приватната клиника „Жан Митрев“, а сопственикот на приватната клиника беше повикан на распит во врска со лекувањето на пациентите со методот на хемофилтрација. За да го спречи Џан Митрев да ја напушти државата, скопското обвинителство до Основниот суд Скопје 1 поднесе предлог за одземање на пасошот.

Во меѓувреме се огласи со соопштение и клиниката „Жан Митрев“, кое го пренесуваме во целост.

„Се гледаме на суд е нашиот одговор на денешната одлука на Основното јавно обвинителство да се гони д-р Жан Митрев за измама. Оваа лакрдија од неосновани напади на суд ќе мора да се докаже, а ќе биде тешко да се докаже бидејќи вистината е дека ниту еден пациент не бил измамен и сите третмани и процеси во болницата биле јавни и транспарентни и во интерес на пациентите. Со тоа на суд ќе падне и самото обвинение на ОЈО.

Повторуваме дека Клиниката и во најтешките периоди работеше според највисоки здравствени стандарди, транспарентно и во согласност со веќе утврдени и дозволени методи на лечење, кај нас и во светот. Со ова ќе ја докажеме вистината и фактичката состојба, за нашата работа дека се што беше направено во Клиниката Жан Митрев, беше направено за пациентите и според дозволени методи и стандарди на лекување.

Ние како клиника, во текот на целиот овој процес целосно соработувавме со институциите и ги отстапивме сите наши материјални и човечки капацитети со цел вистината да излезе во јавност и транспарентно да се докаже дека наша цел и функција отсекогаш била да лечиме и да им дадеме најдобра медицинска нега на пациентите. Така и ќе остане во иднина“, гласи реакцијата на приватната клиника.


Слично

Поврзани вести