Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поднесено обвинение против поранешниот државен правобранител Стафа

Поднесено обвинение против поранешниот државен правобранител Стафа

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинителен акт против поранешниот државен правобранител Фехми Стафа за „Примање награда за противзаконито влијание“.

Според истрагата, Стафа бил ангажиран како адвокат на лицето Љупчо Пецов Ѓаволот, кој во тој период бил во бегство. Сомнежите се дека парите биле побарани за да се „среди“ замена на мерката притвор со домашен притвор.

„По спроведена сеопфатна истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание, предвидено и казниво согласно Кривичниот законик.

Според обвинителниот акт, обвинетиот во периодот од октомври до 13 декември 2025 година, со намера да прибави противправна имотна корист, примил вкупен износ од 50.000 евра за да посредува и да го искористи своето реално влијание со цел да интервенира кај судија во Апелациониот суд Скопје и преку давање поткуп да влијае за да се изврши службено дејствие што не би смеело да се изврши.

Имајќи ги предвид неизменетите околности врз основа на кои на обвинетиот му беше определена мерката, надлежниот јавниот обвинител со обвинителниот акт достави и предлог за продолжување на истата“, објави ОЈО ГОКК


Слично

Поврзани вести