Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поднесено обвинение против Арифи за примен потпкуп

Поднесено обвинение против Арифи за примен потпкуп

Обвинителството поднесе обвинение против Мухсин Арифи кој како директор на геријатриската болница во Скопје кој на самото место беше фатен како прима поткуп што претходно го барал.

Директорот е обвинет дека сторил кривично дело примање поткуп, а второобвинето лице се товари дека сторило кривично дело примање награда за противзаконито влијание. 

„Првообвинетиот за болнички прием на лице во тешка здравствена состојба, од сведок – давател на доживотна издршка на лицето, директно побарал поголема имотна корист за себе за да изврши службено дејство што би морало да го изврши. Второобвинетиот директно ја примил таквата корист за првообвинетиот за со искористување на своето реално влијание да интервенира да се изврши службеното дејство што морало да се изврши од првообвинетиот. При примање дел од договорената сума, во износ од 20.000 евра, второобвинетиот бил фатен на самото место од страна на полицијата“, соопшти Обвинителството. 

Со обвинителниот акт е доставен и предлог да се продолжи определената и продолжувана мерка притвор кон двајцата обвинети. 

Слично

Поврзани вести