Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поднесено обвинение: Поранешната директорка на Прилепска болница плаќала ресторани и кафани од парите за храна за болните

Поднесено обвинение: Поранешната директорка на Прилепска болница плаќала ресторани и кафани од парите за храна за болните

Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе обвинение против 8 физички и едно правно лице за проневера во службата и злоупотреба на постапката за јтендер.

За дејствија на проневера  обвинети се поранешна директорка на ЈЗУ Општа Болница Прилеп и уште тројца вработени во болницата, кои во периодот од почетокот на 2022 до јули 2024 година присвоиле 9.605.081 денари,односно околу 160.000 евра.

Овие пари ги повлекувале од остварениот промет од наплата на партиципација за здравствени услуги, а ги оправдувале со фискални сметки за гориво, но и со фискални сметки од пицерии, ресторани, кафеани, кафулиња, слаткарници и други угостителски објекти, односно како трошења кои не биле за потребите на болницата.

„Со цел да ги прикријат дејствијата, во компјутерскиот сметководствен систем на болницата внесувале податоци со невистинита содржина и вршеле корекции на креираните записи, внесувајќи нови износи кои одговарале на фиктивно изготвени налози за работа“,објави ОЈО.

Поранешната директорка и еден обезбедувач во болницата, управител и двајца сопственици на правно лице за обезбедување на имот и лица, како и самата агенција за обезбедување со обвинети за злоупотреба за добиен тендер.

Иако ангажираната фирма не ги исполнувала обврските од договорот, се вршела фиктивна евиденција и услугите редовно им се исплаќале по доставените фактури. На тој начин се злоупотребиле  6.567.538 денари,или околу 110.000 евра.

Екс-директорката во повеќе наврати кон угостителски објекти – кафеани и ресторани, како и кон колонијални продавници одобрувала исплата на средства од контото – храна за болни, иако набавените услуги и производи не биле наменети за потребите на хоспитализираните пациенти во болницата.

„На овој начин и нанела поголема имотна штета на болницата во вкупен износ од 1.439.987 денари.

Во периодот од 2022 до 2024 година обвинетата вршела и неосновани исплати на додатоци за прекувремена работа на повеќе селективно избрани вработени со што буџетот на болницата го оштетила за дополнителен вкупен износ од 1.850.895 денари.

Во однос на еден дел од дејствијата кои беа предмет на истрагата поведена по кривична пријава од Управата за финансиска полиција и врз основа на наоди од Државниот завод за ревизија, продолжува истражна постапка во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција“, дополнува Обвинителствотот.


Слично

Поврзани вести