Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поднесени се кривични пријави за забавите организирани на Градиште

Поднесени се кривични пријави за забавите организирани на Градиште

Поднесени се 2 кривични пријави за забавите организирани на Градиште, на плажите 2 и 3, пренесува  „Слободен печат“.

Во Охрид само петмина пазарни инспектори работат да ги казнат оние што не ги почитуваат протоколите, а на помош викендов им дошле и колегите од Скопје и од Гостивар.

Во овој продолжен викенд, заедно со колегите од Скопје и од одделението во Гостивар, со петнаесет инспектори направени се 75 надзори во 2 дена. На подрачјето на Охрид имаме 2 кривични пријави по членот 206 од Кривичниот Законик конркетно за журки во Градиште, на плажите два и три. На подрачјето на Струга во кафуле покрај Дрим постапивме, но наидовме на попречување па полицијата се вмеша во случајот и се преземаат дополнителни мерки, велат од Пазарниот инспекторат одделение Охрид, за „Слободен печат“.

На социјалните мрежи се појави видео каде се гледа како млади луѓе се забавуваат, а при тоа ниту носат маски, ниту држат дистанца. 

Слично

Поврзани вести