Поднесени се 1.000 амандмани за Законот за државјанство
Почна расправата за Законот за државјанство, а поднесени се 1.000 амандмани.
На Законот за државјанство се поднесени 1006 амандмани, од кои 6 на ВМРО-ДПМНЕ се одбиени како неуредни.
Опозицијата се обиде преку процедурални забелешки да го одложи стартот на расправата, а најголемата забелешка е дека законот не е европски.
Дебатата во Комисијата за европски прашања трае три дена. Следната недела се очекува предлогот да се најде пред пратениците за гласање. Со него е предвидено државјанство да може да се стекне со приложување на лични документи, извод на родени, работничка книшка, имотен лист, комунални сметки, здравствена книшка, даноци и друго.
Слично
