Поднесени кривични за органирана забава во околината на Валандово
Поднесени се кривични пријави за забава која лани се одржала во Валандовско, и покрај забраната.
Струмичката полиција поднесе кривична пријава против правно лице, угостителски објект од Валандово и А.Б.(43) од валандовското село Балинци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 1 август лани во 22 часот, полициски службеници извршиле контрола во угостителскиот објект, сопственост на А.Б., при што е констатирано дека на повеќе маси биле присутни повеќе лица, а бил организиран и музички настан со музика во живо. Со тоа го прекршиле протоколот за отворање и работа на угостителски објекти. Откако почна пандемијата, полицијата растури многу веселби во различни краеви во земјава.
