Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поднесени кривични за изборни нерегуларности

Поднесени кривични за изборни нерегуларности

Седум поднесени кривични пријави и 18 приведени имало вчера, соопштија од МВР. 

Две кривични пријави се поднесени за „уништување на изборни исправи“, а останатите се однесуваат на делата „повреда на тајност на гласање“, „повреда на слободата на определување на избирачите“, „спречување на избори и гласање“, „уништување на изборни исправи“, „насилство“ и „оштетување туѓи предмети“.

Имало и 8 прекршоци за сликање на гласачко ливче со мобилен телефон кои ќе влезат во прекршочна постапка. Приведени се 18 луѓе од кои 8 под сомнение дека сториле кривично дело, а 7 сторени прекршоци според изборниот законик.

До полиција вчера пристигнале и 6 пријави за злоупотреби на службена должност на полициски службеници, за кои подоцна преземале мерки надлежните од Одделот за внатрешна контрола.


Слично

Поврзани вести