Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поднесена нова тура амандмани за Уставот, една е и од Мухамед Зекири

Поднесена нова тура амандмани за Уставот, една е и од Мухамед Зекири

И пратеникот на СДСМ, Мухамед Зекири, поднесе амандман на предлог-амандманите за промена на Уставот во членот 2 став 2 на уставниот закон со барање за допрецизрање на ставот со тоа што на крајот на реченицата да се додадат зборовите „што не ја определува ниту пак ја прејудицира етничката припадност на граѓаните“.

Зијадин Села и Сурија Рашиди од Алијанса на Албанците во истот став и член бараат „македонско/граѓанин“ да се заменат со зборот „граѓанин“, а во образложението навеле дека тоа се бара за да се овозможи еднаквост во изразување на државјанството на сите граѓани на Република Македонија.

Села и Рашиди бараат членот 1 да се признае границата со Косово со содржина „Државната граница на Република Македонија е нејзината постојна граница со Република Албанија, република Бугарија, Република Грција, Република Србија и Република Косово“.

Пратениците на Беса Фадил Зендели и Теута Билали исто така бараат интервенција во истиот став со содржина „Од денот на влегување во сила на амандманот XXXIII, граѓаните на Република Северна Македонија имаат државјанство на Република Северна Македонија“.

Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата предлага во членот 2 став 2 по зборот „Македонија“ да се додадат збороите „со што не ја предодредува етничката припадност на граѓаните“. 

„Овој амандман докажува дека не сме и нема да бидеме северномакедонци, туку сме и ќе бидеме Македонци, како што и другите припадници се и ќе бидат Албанци, Власи, Срби, Роми, Бошњаци и други“, пишува во облазложението потпишано од Елизабета Канческа Милевска, Нола Исмајловска Старова, Владанка Авировиќ, Емилија Александрова и Зекир Рамчиловиќ.




Слично

Поврзани вести