Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поднесена кривична против еден напаѓач на новинарската екипа на А1он

Поднесена кривична против еден напаѓач на новинарската екипа на А1он

Еден од напаѓачите кој е осомничен дека ја нападнал новинарската екипа на А1он заработи кривична пријава.

Ова го соопшти денеска министерот за внатрешни работи Агим Нихиу.

Министерот посочи дека во деновите кои следуваат СВР Скопје ќе поднесе кривична и против други лица кои се осомничени во случајот.

Да потсетиме...

Новинарската екипа од А1он беше нападната на 28 февруари на протест на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ а беа повредени снимател и новинар кои завршија на скопските клиники.

МВР приведе неколку лица за овој инцидент.

Слично

Поврзани вести