Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поднесена интерпелација и за Венко Филипче

Поднесена интерпелација и за Венко Филипче

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ до Собранието поднесоа интерпелација на министерот за здравство Венко Филипче поради наводните провизии за набавка на вакцини од Кина.

- Причината е јасна наместо по потрага на вакцини, Власта беше по потрага на провизии, единствени сме во светот по најлошото стравување со корона кризата, Македонија е на 118-то место од 122 држави по број на вакцинирани, Филипче е најодговорен за катастрофалното справување на коронавирусот поради не следење на кластери, нема лекови, нема болнички кревети нема, нема респиратори, нема протоколи за лечење и движење на пациенти и има ненавремени и несоодветни мерки, објави пратеникот Кирил Пецаков.

Во моментов опозицијата има поднесено интерпелација за уште неколку министри на Владата, додека не помина онаа за вицепремиерот за евроинтеграции Никола Димитров.

Министерството за здравство веќе демантираше дека имало обид за набавка на вакцината Синофарм преку посредници за повисока сума на пари.


Слично

Поврзани вести