Економија, финансии, бизнис

Контакт

Подметнат пожар пеплоса кафуле во Прилеп

Подметнат пожар пеплоса кафуле во Прилеп

Лицето Н.Т. утрово во 3.30 часот подметнало пожар во кафе-барот „Галери Хаус Паб“ во центарот на Прилеп. 

Тој дошол во кафе-барот носејќи со себе канта со непозната течност. Откако го избркал чуварот, ја истурил течноста, ја запалил и заминал во непознат правец.

Прилепската територијална противпожарна единица веднаш интервенирала со две возила и четворица пожарникари кои за неполн час успеале да го локализираат и да го изгаснат пожарот, кој се заканувал да се прошири на соседните објекти.

Во пожарот нема повредени лица, а внатрешноста на објектот е целосно изгорена. Материјалната штета се проценува на повеќе од 200.000 евра.

Слично

Поврзани вести