ПОДИГНУВАЊЕ НА СТРУЧНОСТА И ДОБИВАЊЕ ЛИЦЕНЦИ ЗА КВАЛИТЕТНИ СУДСКИ ПОСТАПКИ: Комората за вештаци организира обука
Комората на вештаци организира обука на која повеќе од 300 експерти од 16 различни области ќе имаат можност да ги продлабочат своите знаења и да разменат искуства во областа на вештачењето.
Целта на оваа иницијатива е да се зајакне експертизата на вештаците, што ќе придонесе за поефикасни судски и управни постапки, а учесниците ќе добијат и насоки за процесот на стекнување лиценца.
Слично
