Економија, финансии, бизнис

Контакт

Подигнати телата на 11 жртви во поплавите

Подигнати телата на 11 жртви во поплавите

Од вкупно 14 тела на починати во невремето во Скопје во саботата, 11 тела веќе се подигнати.

Дел од семејствата доцна синоќа ги земале телата на 11 од жртвите, а во капелата на АД „Бутел“  се наоѓаат уште три тела кои треба да бидат подигнати.

Роднините вчера не можеа да ги земат телата на своите блиски поради административни пречки. Им се бараа документи за причините за смртта на жртвите.

Проблемот кој се јави вчера  е решен така што АД „Бутел“ издава службена белешка за починатиот со која семејството продолжува на нотар да потпише изјава дека лицето загинало во поплавите и со двата документи заедно, тие продолжуваат во болницата Букурешт и можат да ги земат телата.

Слично

Поврзани вести