Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОДИГНАЛА БРЗИ КРЕДИТИ ВО ИМЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ - скопјанка доби кривична, отворила фирма во Струга за полесно да дојде до податоци

ПОДИГНАЛА БРЗИ КРЕДИТИ ВО ИМЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ - скопјанка доби кривична, отворила фирма во Струга за полесно да дојде до податоци

Четириесетипет годишна жена од Скопје доби кривична пријава од СВР Охрид поради измама на три лица. 

Таа отворила две фирми во Струга, и склучила договори за работа со оштетените, на чие име потоа извадила брзи кредити и парите ги користела за свои потреби. 

Како што соопшти СВР Охрид, жената се терети за неколку сторени кривични дела, како што се „измама“, „ злоупотреба на лични податоци“ и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. 

СВР Струга веќе поднело кривична пријава против Р.С. (45) од Скопје.

- Во текот на 2023 година, користејќи лажен идентитет, во Струга отворила две фирми и со три лица склучила договор за вработување по што, со намера да прибави противправна имотна корист, доведувајќи ги оштетените во заблуда, ги искористила нивните податоци и во нивно име извршила електронско аплицирање за брзи кредити. 

Одобрените пари, потоа ги префрлала на друга трансакциска сметка и ги користела за свои потреби. На тој начин, пријавената се стекнала со бесправна имотна корист од 319.706 денари - информира портпаролот Стефан Димоски.

Слично

Поврзани вести