Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОДГОТВИВМЕ ОДГОВОРИ УДОБНИ ЗА БУГАРСКИТЕ СТАВОВИ: Груби очекува Бугарија да го тргне ветото

ПОДГОТВИВМЕ ОДГОВОРИ УДОБНИ ЗА БУГАРСКИТЕ СТАВОВИ: Груби очекува Бугарија да го тргне ветото

Артан Груби, првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, синоќа изјави дека е оптимист за членството на Македонија во Европската Унија и тоа дека првите позитивни сигнали за почеток на преговорите ќе бидат во декември. На прашањето зошто е толкав оптимист тој рече дека поради то ашто им аинформации.

„Оптимизмот доаѓа од поседувањето на информации. Значи имаме целосни информации за случувањата меѓу Скопје и Софија и тоа ни влева целосна самодоверба дека ова прашање може да се надмине. Се обидуваме на 14-ти декември на состанокот на Советот за општи работи на ЕК да го имаме првиот позитивен сигнал, кој ќе ни ги отвори вратите. Подготвени сме со одговори за кои мислиме дека се удобни за бугарските ставови и ќе овозможат деблокирање на ветото. Целта е во јануари, февруари или март да се реши ова прашање и во месеците од наредната година да се одржи оваа меѓувладина конференција, со која ќе почнат преговорите за членство со ЕУ, информира Груби во гостувањето на емисијата „200“ на ТВ Алсат М.


Слично

Поврзани вести