Економија, финансии, бизнис

Контакт

Подгответе се за промена на времето попладне

Подгответе се за промена на времето попладне

Попладне ќе има промена на времето. 

Претпладне времето во земјава ќе биде сончево со умерена облачност. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен, а во источните делови засилен ветер од југоисточен правец.

Температурата денеска ќе се движи од 21 до 29 степени. 

Во вечерните часови на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. 

Според УХМР локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен ветер и град. Во источните делови засилен ветер од југоисточен правец ќе дува во текот на целиот ден.

Утре и задутре во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а стабилно ќе биде во среда.

Слично

Поврзани вести