Економија, финансии, бизнис

Контакт

Подгответе се за промена на времето од утре

Подгответе се за промена на времето од утре

Температури до 33 степени ќе имаме утре. 

Сончево и топло време, со мала до умерена облачност ќе имаме утре. Попладне во крајните источни делови на земјата ќе има услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде помеѓу 10 и 16, а максималната ќе се движи од 26 до 33 степени. УВ индексот ќе има вредност 9, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје температурата ќе се движи од 13 до 30 степени.

Под влијание на топла воздушна маса од југ во наредните денови следува период на значително потопло време. Во попладневните часови локално ќе има краткотраен пороен дожд проследен со грмежи и услови за изолирана појава на град. 

Слично

Поврзани вести