Подгответе се за промена на времето
Ќе имаме променливо облачно со повремени локални врнежи. Според најавите, ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
На некои повисоки места и на планините ќе има врнежи од снег, претежно во северните делови на Македонија.
Минималната температура утрово се движи во интервал од минус 5 до 3 степени, а максималните дневни ќе бидат од 3 до 10 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно со слаб ветер од северен правец, со температура до 8 степени.
За празниците немавме снег. Оваа зима само на повисоките места имаше слаби врнежи од снег. Според прогнозите на европските метеоролози, летото во 2023 година ќе биде многу топло. Лани го имавме едно од најтоплите лета досега. Климатските промени влијаат за ваквата состојба. Европската програма „Коперникус“ за следење на климатските промени објави дека и во 2010 и 2018 година имало многу топли лета.foto freepik.com/sanivpetro
Слично
