Подгответе се за промена на времето
Во првиот ден од викендот според управата за хидрометеоролошки работи во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста со локален пороен дожд и грмежи.
Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме и појава на град.
Дневните темепратури на воздухот и денес ќе бидат високи и ќе се движат во интервал од 30 до 38 степен целзиусов.

Најтопло се очекува да биде во југоисточниот дел од државата, исто така во овој дел од земјата не се очекуваат врнежи, додека во останатите делови, северниот, западниот и источниот дел од Македонија се очекуваат врнежи од дожд. На некои места врнежите ќе бидат по интензивни и проследени со грмежи и појава на град.
Вакво време се очекува да се задржи до вторник.
Слично
