Економија, финансии, бизнис

Контакт

Подгответе се за нови снежни врнежи

Подгответе се за нови снежни врнежи

Во следните денови ќе вее снег. 

Во текот на денот утре ќе има нови врнежи од снег со слаб до умерен интензитет кои ќе бидат поизразени ќе бидат на повисоките места и на планините, јави УХМР.

Потоа во наредните денови ќе преовладува променливо време со сончеви периоди и со услови за слаб локален снег.

УХМР информира дека висината на снежната покривика е најголема во Маврови Анови. 

„Снежната покривика во 7 часот изразена во сантиметри, највисока е во Маврови Анови
81, потоа 45 во Пожаране, 44 Дебар и Лазарополе, 39 во Крушево, Попова Шапка, 38 Тетово, 31 Охрид, 32 Тополчани, 30 Битола, 27 Ѓуриште, 20 Претор, 13 Прилеп, 12 Скопје-З.Рид, 10 во Штип и Куманово, 9 Струмица и Берово, 8 во Крива Паланка и Демир Капија, 6 во Скопје Петровец и Гевгелија“, соопшти УХМР.

Претходните денови паѓаше снег низ целата земја. 

Слично

Поврзани вести