Економија, финансии, бизнис

Контакт

Подгответе се за нестабилно време, овие делови ќе бидат зафатени...

Подгответе се за нестабилно време, овие делови ќе бидат зафатени...

Во Македонија денеска во утринските и претпладневните часови ќе имаме претежно сончево време со појава на локална облачност, ветровито и посвежо време. 

Попладне ќе има зголемување на облачноста и развој на нестабилност која што попладне и навечер ќе услови умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Врнежите од дожд ќе изостанат во крајните југоисточни предели. Ќе дува доумерен северозападен, а во западните југозападен и западен ветер. Утринските температури ќе се движат од 11 до 20 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 21 односно до 34 степени. УВ индексот ќе има вредност 7. 

Утре ќе продолжи нестабилното време, ќе преовладува умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд кои што повеќе ќе бидат изразени во западните и источните предели. Во централните предели и во југоисточните предели умерено облачно време. Максималните дневни температури ќе се движат од 19 до 32 степени. Во петок ќе биде претежно сончево и потопло време со максимални температури кои што ќе достигнат до 23 односно до 35 степени. Во сабота и недела повторно ќе имаме сончево и потопло време со продолжување на трендот на пораст на температурите. Во сабота утринските температури ќе се движат од 10 до 18 степени, додека пак максималните од 25 до 37 степени, додека пак во недела минималните од 12 до 20 степени, а дневните од 27 до 38 степени.

Слично

Поврзани вести