Економија, финансии, бизнис

Контакт

Подгответе се за нестабилно време: Еве кои делови ќе бидат зафатени

Подгответе се за нестабилно време: Еве кои делови ќе бидат зафатени

Во последниот работен ден од неделава според синоптичарите не очекува променливо облачно време со локален пороен дожд и грмежи, особено претпладне.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, најизразен вдолж Повардарието.

УВ индексот ќе изнесува 8.

Дневните температури на воздухот ќе се движат во интервал од 23 до 35 степени.

Дожд претпладне според управата за хидрометеоролошки работи се очекува во југозападниот, северниот и северноисточниот дел од државата.

Во Скопје се очекува слично време, променливо облачно време со локален пороен дожд и грмежи, особено претпладне и максимални 31 степени.

Од сабота следува период на стабилно време, а од понеделник и значително потопло.


Слично

Поврзани вести