Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ХАОС: Денес попладне ќе се асфалтира кај ФОН, ќе се вози по една лента!

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ХАОС: Денес попладне ќе се асфалтира кај ФОН, ќе се вози по една лента!

Денес 16.11.2023г (четврток) од 17часот екипи на ЈП Улици и патишта Скопје ќе имаат градежни активности за асфалтирање на крстосницата на булевар Киро Глигоров кај ФОН Универзитетот и салонот на „Мерцедес“.

,, Поради изведба на градежните активности сообраќајот ќе се одвива етапно, прво ќе биде зафатена една коловозна лента, па потоа другата и при асфалтирањето ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

ЈП Улици и патишта апелираат за трпение на сите учесници во сообраќајот до завршување на градежните работи на оваа крстосница" , информираат од УиП.


Слично

Поврзани вести