„ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА БРЗА И ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО“: Од петок доаѓа зимата и првиот снег
Следејќи ги нумеричките модели, метеорологот Славчо Попоски зачестено објавува нови информации во врска со временската состојба во земјава.
„НАЈНОВО АЖУРИРАЊЕ НА НУМЕРИЧКИТЕ МОДЕЛИ: Нема што да се каже, освен да се спремаме за брза и голема промена на времето од петок попладне, тогаш пристигнува вистинската зима и првиот снег и во градовите во Македонија, лубителите на снегот сигурно ќе бидат пресреќни со оваа анализа, а зимата сеуште не започната, ова е само почеток!“ објави тој на Фејсбук.
Слично
