Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОДГОТВЕТЕ СЕ, СИБИР СЕ ВРАЌА: Нов удар ниски температури и врнежи од снег

ПОДГОТВЕТЕ СЕ, СИБИР СЕ ВРАЌА: Нов удар ниски температури и врнежи од снег

Сибир повторно се враќа во земјава. Серија студен и влажен бран повторно ја напаѓа Македнонија.

Од утринава снежни врнежи веат во повеќе градови, а температурите се во минус.

Во повеќето места температурите се под нула .

Денеска минималната температура ќе се движи во интервал од -10 до -2 степени, додека максималната ќе достигне интервал од -4 до 4 степени.

Ваквото време ќе се задржи се до четврток, со променлив интензитет на врнежи . На повисоките места се очекува поголема снежна покривка.

Во западните, југозападните  и во јужните пределе ќе дојде до зголемување на снежната покривка.

Од петок се очекува стабилно и суво време со благ пораст на дневната температура

Утрово измерени следните температури:

-12 Берово, -10 Маврово, Лазарополе, -8 Струмица, -7 Скопје Петровец, Кр. Паланка, -6 Тетово, Тополчани, Крушево, -5 Пожаране, Куманово, -4 Скопје, Штип, Ѓуриште, -3 Виница, Претор, -2 Битола, Охрид, Д. Капија, 0 Гевгелија, 1 Дојран.

Слично

Поврзани вести