ПОДГОТВЕТЕ СЕ: Се очекува обилен дожд, ветер и грмежи
Почнувајќи од утре попладне во Македонија, повторно ќе има врнежи од дожд, при што тој наместа ќе биде пороен, ќе има грмежи и засилен ветер.
Во Македонија утре времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, велат од УХМР. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ индексот ќе биде 8, а температурите ќе се движат од 10 до 19. Дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 30 до 36 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер од западен правец. Температурата ќе биде во интервал од 16 до 34 степени.
Во среда и четврток времето ќе биде нестабилно на повеќе места, а преодно стабилизирање на времето се очекува во петок и сабота.
