ПОДГОТВЕТЕ СЕ: Ќе имаме промена на времето
Стабилното, суво и топло време во земјава ќе се задржи до вторник.
Потоа се очекуваат врнежи и постудено време.
Во вторник во попладневните часови ќе има услови за локален дожд со грмежи, особено во планинските подрачја. Во среда ќе има зголемена облачност со локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен северен ветер, што во следните денови ќе услови позначително намалување на дневната температура, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи.
Времето денеска ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 25 степени.
Во Скопје ќе има сончево и топло време, со максимална температура до 23 степени.
Викендов во Македонија е топло со температури и над 20 степени.
Слично
